Поминаа новогодишните и божиќните празници и време е да го вратиме нашето тело во нормала. Нема ништо подобро од природни и здрави намирници кои го забрзуваат метаболизмот и ни помагат да слабееме здраво. Погледнете за кои намирници станува збор:
- Јајца. Јајцата се богати со аминокиселини и протеини и нивното консумирање за појадок Ве држи сити подолго време. Помагаат во борбата со дебелината, создавањето на мускулната маса и согорување на мастите.
- Месо без масти. Овде спаѓа рибата, пилешкото, мисиркиното и телешкото месо. Секое од овие видови месо содржи одредени видови на витамини и протеини, како и омега - 3 масни киселини. Дефицитот од овие видови протеини и витамини придонесува за забавување на метаболизмот. Со нивно конзумирање придонесувате за градење на мускулна маса, зајакнување на имунитетот и забрзување на имунитетот.
- Вода. Дихидрираноста може да придонесе до забавување на метаболизмот.Совет: Пијте ладна вода бидејќи ладната вода го форсира телото да користи повеќе калории за да ја загрее.
- Лути пиперчиња. Лутите пиперчиња содржат капсаицин, хемиска компонента која помага при забрзување на метаболизмот. Исто така тие се извор на витамин Ц.
- Зелен чај. Зелениот чај содржи голем број на антиоксиданси кои помагаат при забрзување на метаболизмот и слабеење.
- Млеко и млечни производи. Млекото е богато со калциум кое помага за зацврстување на коските, го спречува зголемувањето на тежината поради тоа што калциумот помага при забрзување на метаболизмот.
- Цели зрна на житарици. Кога консумирате цели зрна, наместо преработени житарици, Вашето тело согорува повеќе масти бидејќи прави дополнителни напори за да ги преработи отколку преработувањето на лебот и тестенините. Кафеавиот ориз и овесот се надобри бидејќи се богати со растителни влакна.
- Леќа. Околу 20 % од жените се борат со недостаток на железо, што го спречува телото да функцинира ефикасно и да согорува калории. Една чаша леќа обезбедува околу 35% од дневните потреби за железо.
Освен консумирањето на овие намирници, за здраво слабеење потребна е и одредена физичка активност, како кардио вежби,вежби за обликување на стомакот, задникот, рацете и нозете. Направете си програма за вежбање, хранете се здраво и ќе го имате телото кое од секогаш сте го посакувале.

